Ние применуваме збир на соодветни технички и организациски безбедносни мерки за да ги заштитиме вашите Лични Податоци од незаконски или неовластен пристап или употреба, како и од случајно губење или оштетување на нивната целина. Овие мерки се развиени во согласност со информатичката технологија што ја користиме, поврзаните трошоци за спроведување, природата, обемот, контекстот и целите на обработката, како и во согласност со стандардите и практиките применети во нашата индустрија.
Вашите лични податоци може да бидат обработени од трето лице – Обработувач само под услови предвидени со закон и само ако тој се согласи да ги примени истите технички и организациски безбедносни мерки.
Секој Обработувач кој обработува лични податоци за име и за сметка на Премиум Брандс, има потпишано Договор за обработка на личните податоци, и се обврзува да применува соодветни технички мерки за сигурност на податоците.
Одржувањето на безбедноста на податоците значи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и од случајно губење, уништување или оштетување на вашите лични податоци:
a) Доверливост: ние ги штитиме вашите лични податоци од несакано откривање на трети лица.
б) Целокупност и интегритет: ние ги штитиме вашите лични податоци од промени од неовластени трети лица.
в) Достапност: гарантираме дека само овластените лица имаат пристап до вашите лични податоци кога тоа е потребно.
Нашите мерки за безбедност на лични податоци вклучуваат:
Контролиран пристап – пристапот до системите за складирање на лични податоци не е доделен на никого без соодветна лозинка или двофакторна проверка, така што податоците се достапни само за овластени лица.
Контрола на пристап – усвоивме мерки кои спречуваат неовластено читање, копирање, менување, отстранување од системот или друго справување со нив.
Создавање псевдоними – ги обработуваме личните податоци со нивно менување во форма во која тие не се припишуваат на одредено лице (тие се псевдонимизирани).
Контрола на преносот – сите што се занимаваат со лични податоци при нивниот електронски пренос е заштитена за да се спречи неовластено читање, копирање, измена или бришење.